Само небото е граница во предавството на овие луѓе, но добро е што комисијата за Бугарија добро си ја работи својата работа и Заев ќе беше најскреќен да можеше да ја промени, изјави Алекснадар Николоски во емисијата „Што не е јасно“.

Според него, секоја држава има своја интерпетрација на работите и е невозножно да се најде една интерпетрација за ист настан меѓу кои било две земји.

Заев го доведе македонскиот народ пред невозможен избор. Изборот е или македонскиот народ да прифати нешто што не е и да се одроди или да не преговара со ЕУ и да не напредува. Што и да избере од овие две работи е национална катастофа за македонскиот народ и до таа фаза ја донесе Заев работа со комбинација од незнаење и аматеризам и корупција-обвини Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.