Ќе бев изненаден да си заминеше од функцијата, навистина, Венко Филипче, тој стана моторџија кога почна да се дружи со Заев. Тоа полтронство нема крај. Начинот на функционирање не само на владата на Заев, туку и на целиот круг на Заеви е на криминално-мафијашка основа се знае ако падне еден паѓа системот, така е во мафијата, така е и сега, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ што се емитува на телевизија Алфа.

Според него оставки во оваа влада нема да има, падот ќе се им се случи по локалните избори.

-Тие работат по систем на мафија. Тие не го сфатија случајот сериозно, веднаш отидоа таму, направија пиар, па имаше притисок и ај Филипче ќе даде оставка. Се обидуваат да извршат притисок врз медиуми темата да не се експлоатира во медиуми, рече Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.