Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски навреме предупреди дека власта сака вонредна, а не кризна состојба со цел Владата да носи уредби со законска сила кои се во корист на претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Николоски на 18-ти март најави дека вонредната состојба која беше прогласена поради Ковид-19 ќе биде злоупотребена од страна на власта. Според потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ само со прогласување на вонредна состојба сите надлежностите ги презема владата на СДСМ, укажувајќи дека Заев и СДСМ ќе ја имаат целосна слобода во носење на уредби со законска сила, односно како што рече тој владата на СДСМ може да носи било какви закони кои што не успеа да ги изгласа пред распуштање на Собранието.

Наместо да мислат на здравјето на граѓаните, тие размислуваат како да може владата да ги изгласа тие закони кои што не успеа да изгласа пред распуштање на собранието. Причината зошто се одбиваше барањето на ВМРО-ДПМНЕ за воведување на кризна состојба е само една и ќе ја објаснам најпластично. Значи согласно Уставот кога се воведува состојба сите надлежности ги презема владата, а тоа значи дека владата може сама да носи закони без да го има тука собранието како некој филтер и тоа значи дека може утре Зоран Заев преку своите министри во владата да си предложи каков сака закон и поручек тој да биде усвоен. И очекувам во следниот период да има закони во корист на брат му Вице Заев. Тоа е причината зошто се воведува вонредна состојба, рече пред 17 дена Николоски.

Како резултат на оваа изјава, провладините мегафони тргнаа во медиумска хајка против Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.