Оставка од директорката на Македонскиот народен театар, министерот за култура и одговорност од Зоран Заев, премиерот во заминување, побара вечерва потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој како и голем дел од јавноста, е згрозен од видеото на кое се гледа „прославата“ за 30 години постоење на навивачката група „Шверцери“.

Во петокот навечер во МНТ навивачите на Шкупи „прославуваа“ 30 години постоење вака:

Во институција што е врв на културата во Македонија гледаме врвна некултура и дивјаштво. Колку треба да немате чувство кон институцијата која ја водите да ја издадете на навивачка група! Па уште истата да се вика Шверцери!!! Името на навивачката група сугерира криминал. Што да очекувате од таква навивачка група освен сквернавење на најубавиот театар во Македонија? Тоа е разликата – некој гради, некој уништува!!! За ова е потребна оставка на директорката на МНТ, министерот за култура, како и одговорност од Зоран Заев! Заев е виновен!, вели Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.