Историски ден! После векови негирање, официјално призната вистината – тука сме и постоиме! Автокефална Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија, истакнува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Никогаш да не заборавиме дека црквата го одржа Македонецот! Во 5 века турско ропство и скоро еден век поделби Црквата беше таа која ја одржа свеста за засебна Македонска нација, Македонски јазик и Македонска култура.

Честитки за мудрата политика на поглаварот г.г. Стефан и сите владици од Синодот на МПЦ! За многу години“, пишува Николоски во статус на Фејсбук.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.