Премеирот Зоран Заев воопшто не реагира на навредливите изјави кои доаѓаат од Софија, како и на тврдењата на опозицијата во Македонија, поради тоа што со бугарските власти договарал бизнис зделки, а истовремено во истиот период земјата загуби три години во прилбижувањето кон ЕУ, рече во четвртокот вечерта потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во  гостувањето на телевизија Алфа во емисијата „Заспиј ако можеш“

„Заев две седмици бега да даде одговри. Прво, да одговори зошто не ми одговара дали знаел дека неговиот потпретседател Димитров го озборувал кај новинари и креатори на јавно мислење дека Заев бил спремен да потпише се ама „големиот патриот“, Димитров и скопското крило на СДСМ го спречиле, иако за мене двајцата се исти. Второ, дали е вистина дека блиски соработници на Заев работат на дискриминација на членови на Комисијата за разговори со Бугарија и Заев спрема комисија која ќе ги потпише неговите ставови. Трето прашање, во најмалку две изјави од врвни функционери на Бугарија како на Захариева која крајно непријателски се однесува кажа дека и други земји биле против, ама тие се против корупцијата на Заев, и претседателот Румен Радев кажа дека Бугарија до октомври 2019 не правела проблеми, туку почнала да ги прави после тоа. Ова се поклопува со она што го зборувам, а тоа е дека во јуни 2019 година, Македонија владата ја стави во група со Албанија и ја уназади, а јас говорев дека имаат таков план и тој се потврди“, рече Николоски.

Според него, ЕУ му дала време на Заев да спроведе реформи во администрација кои ги нема, реформи во безбедносен сектор кои поминаа благодарени на опозицијата и борба против корупција, а тука на власта и се појави случајот „Рекет“.

„Ова се прашањата кои ЕУ му ги даде како задача и Заев ако ги исполнеше немаше Македонија да чека до сега за ЕУ“, рече Николоски.

Оцени дека откако Заев ова не го исполни барањата, следуваше бугарскиот став во документ во тамошното собрание, а потоа бугарскиот став влегува и како став на ЕУ пролетва.

„Кога го објавив ова годинава ме обвинуваа и излезе точна мојата контатација. Или Заев и власта се виновни за три изгубени години и што Македонија не е во ЕУ“, рече Николоски укажувајќи дека власта не реагира на изјавите на бугарските претставници зошто има договорено бизниси со нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.