Не верувам дека натака ќе одат работите, рече во вечерашното гостување во „Само вистина“ потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, одговарајќи на прашањето дали Македонија има план Б за евроинтеграциите и „што доколку и на пролет не добиеме датум и ни кажат нема никогаш да станете членка, помирете се со фактот, ќе бидете нова Турција?“.

Мислам дека Европската унија сака да види една модерна и демократска држава, економски просперитетна во своите граници. Тоа може и мора да е Македонија. Затоа ни се потребни брзи предвремени избори, промена на власта, нашиот план, кој што го подготвуваме и ќе го презентираме пред јавноста, да го реализираат компетентни луѓе, 2020 година да добиеме датум, да почнеме преговори и се надевам со една добра работа за 5-6 години можеме да ги завршеме и да ја фатиме 2025 година како една година гранична дадена за Србија и Црна Гора за членство во ЕУ. Тоа со способна влада е возможно, рече Николоски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ апсолутно веруваво европскиот капацитет на Македонија.

Ние апсолутно сме еврофили и како политичка партија, ние сме тие кои цело време зборуваат за Европската унија и НАТО и сметаме дека Македонија нема алтернатива. Партнери на Македонија се Брисел, Берлин, Париз, Вашингтон и Лондон, тука мора да сме многу јасни, посочи Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.