Се уште е рано да се открива кои имиња ќе се најдат на пратеничките листи, но веќе знеме кои имиња нема да се најдат на пратеничките листи, рече вечерва потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, на гостување во вестите на Сител.

Имаме одлуки какви профили нема да се надат на пратеничките листи. Нема да се најдат профили кои договараат тендери за радар, за хеликоптери, за стерилизација или пак за клинички центар. Нема да се најдат профили кои вршат рекет или се дел од рекетот. Такви профили нема да има. Ќе имаме чесни и одговорни луѓе. Правиме истражување на јавното мислење низ цела Македонија, во сите општини од каде што ќе има пратеници, ќе има многу нови лица, секако ќе има и искусни лица, но сите ќе бидат чесни и некорумпирани лица, целсона спротивност на Зоран Заев и неговата екипа, рече Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.