На прашањето кој е одговорен за недобивањето на датум за преговори со ЕУ, во вечерашната „Само вистина“ потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски изјави дека одговорноста е јасна – одговорноста е секогаш на оној кој ги предводи процесите, на Владата, на премиерот, на министерот за надворешни работи и вицепремиерот за европски прашања.

Николоски посочи дека Македонија изгуби година и пол затоа што владата реши да не спроведува реформи.

Македонија изгуби затоа што во оваа година и половина гледаме рекет, гледаме корупција гледаме нереализирани ветувања на владата, гледаме се само не она што требаше да прави оваа влада, рече во интервјуто за „Канал 5“ Николоски и ги обвини Заев, Димитров и Османи за негативниот исход од Брисел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.