Очигледно е дека од власта дале одредени ветувања и сега многу работи добиваат логика кога ќе се склопи овој мозаик, јасно е зошто одредени постапки претходни биле правени. И јасно е дека се обидуваат да се намират, но повторувам за се што прават ќе има ревизија и ќе има кривична одговорност, ова се дела кои што не застаруваат и за кои апсолутно ќе има кривична одговорност, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија говорејќи за обидот на власта да го амнестира Александар Василевски – Нинџа.

Николоски додаде дека обидот за амнестирање на Александар Василевски – Нинџа е нарушување на правниот поредок.

„Додаде дека обидот за амнестирање на Александар Василевски – Нинџа е во истиот куп со тоа што ако во Славија продаваат по 51 евро, а во 2012 година цената на акцијата била 1715 евра зборуваме некаде за 18 пати девалвирање на цената, не 18% туку 18 пати, а тоа е 1800% девалвирање на цената тогаш е јасно дека и во истиот пакет се обидуваат да се намират секаде таму каде што ветиле дека некоја услуга треба да ја направат. И во таа насока го гледам и ова со амнестијата“, појасни Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.