Ниту во декември, ниту во март нема да има меѓуресорски состанок меѓу нашата влада и Европската комисија за почеток на преговори со Европската унија, посочи вчера потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во телевизискиот дуел со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

За жал, ниту во декември, ниту во март нема да почнат преговори. Тоа е тажната вистина, нека остане како моја тажна проценка, резимираше Николоски во вчерашната емисија „24 анализа“ на ТВ 24.

Димитров на ова повторно го повтори добро познатото „Ќе нè биде“, но не можеше да потврди кога таа конференција ќе се случи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.