Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во своето гостување на ТВ Алфа кажа дека состојбата со Коронавирусот не е случај каде треба да се собираат политички поени, туку дека треба брзо да се делува, тој потсети на здравствените и економски мерки кои ВМРО-ДПМНЕ денеска ги понуди на власта како еден вид на решение при справувањето со коронавирусот и последиците од него кои можат да ја снајдат Македонија. Николоски во емисијата кажа дека не е време за паника, туку да е многу важно заеднички да се делува. Тој јавно го повика и претседателот Стево Пендарвоски уште утре да свика седница за совет за безбедност во најбрз можен рок да се донесат одлуки кои ќе и помогнат на земјата со справување на овој проблем со кој се соочува Македонија.

Отворени сме за соработка со сите партии, треба трезвено да се однесуваме сите, тоа е најбитно да остане ова само еден лош спомен позади нас. Апелирам претседателот Пендаровски уште утре да закаже среба, а не во понеделник, немаме време за чекање, истакна Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.