Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски  при денешната  посета на општина Карпош во одговор на новинарско прашање  во однос на средбата помеѓу премиерот  Зоран Заев и Седат Пекер истакна дека нема криминалец на локално ниво како и во европски и светски рамки со кој не е поврзан Зоран Заев и додаде дека за средбата помеѓу Заев и Пекер кажал лично Седат Пекер.

„Видете нема бандит и криминалец  прво локално а сега во европски и во светски рамки кој што на било кој начин не е поврзан со Зоран Заев наместо да е премиер на Македонија тој е најдобар другар на криминалците во Македонија и во светот така што овој тип кој што го спомнавте кој што е криминалец пар екселанс од сите дестинации во Европа ја најде Македонија и нормално никој не е наивен да верува дека туку така слетал на аеродром во Петровец и си отишол во некој хотел да престојува, нормално дека имал прво  договор со Зоран Заев и имал логистика за таа работа така што ниту јас ниту ВМРО-ДПМНЕ кажа дека Седат Пекер се среќавал со Зоран Заев туку тоа го кажа самиот тој,  до денеска не добивме кредибилен демант од страна на Зоран Заев што само потврдува дека такви средби имало и мислам дека во следниот временски период ќе излегуваат многу повеќе а после промената на власт мислам дека ќе е шокирана македонската јавност кога ќе гледа со кого се, се среќавал и што се договарал“ нагласи Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.