Во јавноста се заговара идејата за бојкот на претстојните претседателски избори, особено кај про-опозициски ориентирани новинари, активисти, интелектуалци, со цел да не се достигне цензусот. Овој повик, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вели дека го разбира, но не го оправдува, бидејќи смета дека неговата цел е да пропаднат претседателските избори.

ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која што сака да одлучува и да победува. За да може да одлучува и да победува мора да учествува. Во спротивно која е поентата на постоење на ВМРО-ДПМНЕ, вели Николоски за „Лидер“ и објаснува дека целта на политичките партии е да учестуваат на изборите и да дојдат на власт.

Потпретседателот на најголемата опозициска партија кажа дека нивната цел е да победат на изборите, затоа бојкотот не е решение.

Наша цел е да победиме на претседателските избори, наша цел не е претседателските избори да пропаднат. Наша цел е да победиме на претседателските избори и ќе победиме на претседателските избори, одлучен е Николоски.

Според него, бојкотот се иницира од граѓани кои што се пред се револтирани од се што и се случува на државата, што е далеку од нормално. Николоски додаде дека револтот, граѓаните треба да го насочат со тоа што ќе гласаат за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ на претседателските избори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.