Денеска остварив средба со неговата екселенција монсињор Анселмо Гвидо Пецорари, папски нунциј за Македонија и Бугарија и Франческа Адријана Скорза. На средбата уште еднаш беа потврдени односите на највисоко ниво помеѓу ВМРО-ДПМНЕ како демохристијанска партија и Ватикан. Зачувувањето на демохристијанските вредности е од огромно значење за државата и општеството. За ВМРО-ДПМНЕ зачувувањето на традиционалното семејство, борбата со пороците и слободната економија и десничарскиот поглед на светот се приоритет, ова на својот Фејсбук профил го напиша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

На средбата се разговарало и за состојбата во Република Македонија, визиите и планот на ВМРО-ДПМНЕ и насоките во кои се движи дражвата како и за одличните односи помеѓу католичката и православната црква во Македонија.

Во октомври 2019 во рамки на посетата на Ватикан остварив средба со Кардиналот Пијетро Паролини кој воедно е државен секретар на Ватикан и прв човек на политичките и државните операции. ВМРО-ДПМНЕ ја продолжува одличната соработка со Ватикан, стои во статусот на Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.