Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Александар Николоски оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ.

На средбата изразив задоволство од континуираните добри односи со Хрватска, која како земја членка на ЕУ и близок пријател на нашата земја, дава поддршка и придонесува за позитивна афирмација на државата на нејзиниот евроинтегративен пат. Пријателството помеѓу двете земји и соработката и во иднина ќе се продлабочува – информира Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.