Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски, се обрати на денешната Конвенција, на која Гордана Силјановска Давковка беше избрана за кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Р. Македонија.
Николоски изјави дека Силјановска Давкова ја познава 22 години и е негова омилена профсорка, која на 8 ми мај ќе стане претседател на Македонија.
Со Гордана Силјановска Давкова се познаваме 22 години.
Беше моја омилена професорка на Правниот факултет
Во 2004 година заедно со ВМРО-ДПМНЕ се бореше против територијалната поделба на Македонија со која се измени етничкиот состав на Струга, Кичево и Скопје
Во 2018 заедно со ВМРО-ДПМНЕ се бореше против промената на името на Македонија.
На 8ми мај Гордана Силјановска Давкова ќе стане Претседател на Република Македонија, а Христијан Мицкоски ќе биде премиер на Република Македонија !, кажа Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.