Почитувани пријатели, почитуван македонски народе, почитувани граѓани на Македонија. За еден месец од денес на 15-ти јули да излеземе масовно на гласачките места и да го победиме најголемиот вирус што ја зафатил Македонија. Вирус поголем и од короната. Вирус на национални понижувања, економско опустошување, криминал и корупција – напиша на Фејсбук, потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски на Фејсбук.

Понатаму тој пишува:

Македонија ја чекаат подобри денови. Со многу работа и посветеност, чесно и искрено ќе гледаме на проблемите во очи и ќе ги решаваме. Ќе има во Македонија и повеќе правда и многу повеќе ред од сега, поголеми плати и зачувано македонско национално достоинство. Ќе ја обновиме Македонија! Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и сите останати приклучете ни се заедно да победиме. Ќе победиме и во четвртата изборна единица, каде ќе го победиме Заев дома и ќе победиме во цела Македонија. Обновата доаѓа!, напиша Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.