Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата на кандидати во изборната единица 4 Александар Николоски при неговата денешна посета во Дојран, јавно го повика неговиот против кандидат и лидер на СДСМ Зоран Заев фактите и аргументите да ги соочат на ТВ дуел.

– Ќе ми дозволите оттука од Дојран, слушнав дека пред мене тука бил и мојот против кандидат во четвртата изборна единица Зоран Заев, јавно да го повикам од Дојран да излеземе овие денови на ТВ дуел за да ги соочиме нашите аргументи во однос на четвртата изборна единица, да слушнат граѓаните кој што направил, а што не направил за четвртата изборна единица, а во исто време да ги слушнат нашите идеи, концепти и програма како би можеле на најдобар начин да се претставиме, но и да се соочиме еден со друг, за да можат граѓаните да изберат.

Значи, јавно од Дојран го повикувам Зоран Заев на ТВ дуел на кој што ќе можеме да ги спротивставиме нашите програми и концепти за граѓаните јасно да можат да направат разлика и да дадат поддршка на Коалицијата за обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и бројот 14, истакна Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.