Александар Николоски на вечерашниот дуел со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров истакна дека досега во сите корупциски скандали во јавноста има инволвирани лица директно од власта.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека постојат сознанија дека е направен обид за рекет на бизнисмен, нерезидентен амбасадор на некоја од државите на ЕУ кај нас и за тоа е информиран министерот за надворешни работи.

Тоа Димитров го демантира и кажа дека не е точно.

Николоски кажа дека има документи за тоа, но Димитров негираше. Николоски кажа дека се со цел да не наштети на државата не објавува имиња, но минимум еден почесен конзул бил предемт на уцена или рекет. По ова министерот за надворешни работи почна да паничи велејќи дека нема ништо со Рекет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.