Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Алекснадар Николоски денеска беше прашан дали  смета дека можеби македонските служби се под влијание на Русија и дека Русија има влијание овде  и можеби поради тоа Онишченко доби државјанство?

Одговор: Доколку би сакал да ви дадам одговор кој што политички ќе одговара најмногу на мојата политичка партија би рекол да. Но би кажал што реално мислам, а мислам дека не се под никакво влијание туку се неспособни и корумпирани. И тоа за еден систем е полошо од било какво влијание, затоа што влијанијата врз безбедносните служби најчесто се случуваат преку корупција, и најчесто оние кои што сакаат да извршат влијание врз безбедносните служби тоа го прават многу почесто врз коруптивни методи а многу поретко врз идеолошки принципи и сфаќања на службениците во безбедносните служби. Тоа се двата начини на кои што може да се влијае во Македонија мислам дека причината зошто се прават вакви грешки е корупцијата од секаков вид и неспособноста. Корупција е и да не спроведете полиграф затоа што на тој начин не знаете кој од вработените во службата исполнува или не исполнува услови. Не случајно е тој систем воведен. Корупција е и тие кои што работат во службата најмалку да се занимаваат со работата во службата многу повеќе да се занимаваат со лични бизниси, со рекетирање на бизнисмени по градов, или со следење на опозиција. Корупција е и да прима награда за да замижат за нешто јас сум убеден дека неспособноста и корупцијата е причината за овој скандал.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.