Ако ги гледаме периодот од 2016 година до 2021 година влошување на состојбата во Македонија во сите сектори кои се поврзани со владеење на правото и наместо да се случат промени на подобро, се случуваат промени на полошо и ако Македонија најдобра беше на 52-то место таму некаде во 2011,2012 година, стигна за жал со претходната влада до 90-то место, а со Владата на Зоран Заев стигна и до 111-то место по перцепција за корупција, вели Александар Николоски потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, вечерва во „Трилинг“ на 24 Телевизија.

Николоски истакна дека тоа е само показател дека во државата се случува тренд на уназадување на процесите и за жал политичката криза во Македонија трае веќе шестта година од 2015-та година, Втора Светска војна траела четири години на овие простори, а кризата трае веќе шест години што не е нормална ситуација и е причина за заминување и иселување на граѓаните од земјава.

Ова е доказ дека политичките елити потфрлиле во справувањето со кризата во Македонија, вели Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.