Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва гостуваше во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека и опозицијата има заложба во носењето на законот за легализирање на дивоградбите.

Николоски смета дека со овој закон, легализација ќе има само за оние градби кои се наменети за живеење, а не на деловни објекти, хотели или објекти со кои се прави профит.

Во однос на ставот на Пендаровски со овој закон, негова уставна надлежност да ги потпишува или да не ги потпишува. За содржината за законпт, веројатно треба да даде изјава министерот за транспорт и врски.

Ова е заложба на ВМРО-ДПМНЕ долг период. Од причина што во Македонија многу се градело неплански, а во деведесетите не беа носени урбанистички планови, а на луѓето им требаа легализација. Смислата е да се легализираат објектите кои не се за комерцијална употреба. Дел од овој закон не се згради, деловни објекти, хоители и кое прави профит, туку за живеење.

Општината не носи брзо детални урбанистички планови, едноставно да го имаат тој имотен лист, да си земат кредит, тоа беше духот на законот, рече Николоски кој што додаде дека една од работите била разговарана и на средбата меѓу Заев и Мицкоски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.