Делегација на ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува на политичко собрание на Европската народна партија, објави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на својот фејсбук-профил.

Во Брисел на средби на ЕНП- да ја кажеме вистината за Македонија, Европа не сака корумпирани политичари! Делегација на ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува на Политичко собрание на Европската народна партија, пишува Николоски.

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ составена од потпретседателот Александар Николоски, членот на Извршниот комитет Влатко Ѓорчев и Меѓународниот Секретар Тимчо Муцунски ќе присуствува на првото Политичко собрание на Европската Народна Партија за 2020 година.

Политичкото собрание ќе стави примарен фокус на внатрешните процеси во Партијата како и состојбите во Европската унија пост-Брегзит. Се очекува претставниците на најмоќното политичко семејство во ЕУ да се осврнат и на иднината на процесот на проширување.

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на посетата ќе оствари повеќе средби со раководството на Европската народна партија како и членови на Европскиот Параламент, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.