Дали власта ја реши пандемијата? Не ја реши пандемијата, и по број на заболени и по смртност Македонија е за жал е на несреќниот врв на таа листа. Дали ја реши енергетската криза? Не, ја продлабочи. Дали сега се справува со оваа криза која ја имаме? Не, напротив, празни рафтови имаме и колони пред бензиски пумпи, така да нема ниедна причина да останат на власт. Јас не бев тој кој што рече all in, Заев беше тој што рече all in во изборите и кој што кажа дека локалните избори се референдум за неговото владеење, тој замина но треба да замине и партијата која тој ја предводи затоа што на тие избори луѓето јасно им кажаа дека не ги поддржуваат како што и на следните парламентарни избори јасно ќе им покажат каде им е местото. – кажа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на вечерашното гостување во емисијата ,,Само интервју” која се емитува на Канал 5 телевизија.

Николоски додаде дека Македонија само губи време на оваа влада на ДУИ и СДСМ затоа што ако се одржеле избори како што од ВМРО-ДПМНЕ предлагале, веднаш по локалните избори, веќе втората половина од декември ќе имало избори и сега ќе се зборувало за влада со полн легитимитет. Ова одлагање на парламентарните избори, како што рече, значело губење на време на Македонија.

– Процесот на евроинтеграции за кои претходно зборувавме е најзлоупотребуван процес во Македонија. Кога не знаеја да образложат зошто ќе прават влада, кажаа дека тоа ќе го прават за да Македонија добиела датум за преговори во декември или јануари. Во декември Македонија не доби датум за преговори, во јануари Заев доби датум за скијање на Шамони – и тоа е вистината за лагите кои што ги кажуваат цело време. – рече Николски.

Тој додаде дека суштината на оваа влада, криминалот, а ДУИ е во најкомотна позиција бидејќи имаат убедливо најслаб партнер и си прават што сакаат, а врхушката на СДСМ гледаат да си ги дозавршат работите и бизнисите кои што ги имаат.

– Ние очекуваме силна поддршка од народот, ќе го повикаме да ни се приклучи да излеземе заедно и ќе излеземе со сите демократски форми и ќе ги предизвикаме тие парламентарни избори. Во Собранието веќе почнавме, организираме една целосна блокада на сето она што сметаме дека е штетно како закон кој доаѓа во Собранието, ги блокираме и ќе ги блокираме а во соодветен временски период ќе го повикаме народот народот за заеднички да ги предизвикаме за предвремени парламентарни избори. – рече Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.