Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување на телевизија Алфа зборуваше за протестите кои денеска ВМРО-ДПМНЕ ги организира против поскапувањето на цената на струјата.

Старо-новата власт, владата на лагата помеѓу СДСМ и ДУИ  продолжува со истите практики од пред изборите. Прво не е нова влада, ова е стара влада затоа што се работи за истите партнери и уште полоши се работи за истите министри на клучните позиции. Во првите недели од формирањето на старо-новата Влада ја поскапа цената на струјата со што директно удира  врз џебот на секој граѓанин во Македонија имајќи предвид дека ситуацијата е исклучително тешка заради економската криза предизвикана од корона кризата како и лошите економски политики кои што ги води оваа старо-нова коалиција, коалиција на лагата. Имајќи предвид дека БДП падна за рекордни скоро 13%, највисоко во целиот регион поскапувањето на струјата е директен удар  врз граѓаните особено е директен удар врз оние 40 000 луѓе кои што останаа без работа во овој период и некаде околу 30 000 до 50 000 луѓе кои што им се заканува останување без работа – истакна Николоски во своето гостување.

Тој посочи дека поскапувањето на струјата е директен удар врз земјоделците односно врз лозарите кои не можат да си го предадат својот род, а оние кои што имаат среќа да го предадат го предаваат по исклучително рекордно ниска цена во Македонија.

Поскапувањето на струјата е удар врз оние кои што преживуваат од први до први и затоа решивме да излеземе денес од пред Министерството за правда и ќе маршираме до Регулаторната комисија за енергетика  која што е комисија под владата и од која ќе побараме да се укине ова зголемување на цената на струјата – истакна Николоски.

Николоски порача дека очекуваат гласот на илјадници граѓани кои ќе приклучат  денес да биде слушнат и да биде укинато поскапувањето на цената да на струјата затоа што тоа не соодветствува на економските прилики во државата.

Во исто време поскапувањето на струјата создава огромен профит на универзалниот снабдувач односно на компанијата ЕВН која што го врши снабдувањето, а исто така гледаме дека имаме непродуктивни вработувања и во МЕПСО и во ЕЛЕМ кој се дел од креаторите на цената на струјата така што кога ќе се спојат ЕВН, МЕПСО и ЕЛЕМ гледаме еден спој кој што точни води кон зголемување на цената на струјата, но тоа не е реално зголемување на цената на струјата, тоа е зголемување за екстра профит и за нови непотребни партиски вработувања во институциите – додаде Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.