Во вечерашната емисија “Заспиј ако можеш” потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, кој е носител на листата за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и каолицијата во изборната единица 4 потенцира дека е убеден во победата на ВМРО-ДПМНЕ над  Зоран Заев во 4-тата изборна единица, но и дека ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе го победи СДСМ на ниво на цела Република Македонија.

Заев сериозно потфрли како премиер, истокот и центарот на Македонија се оставени на забот на времето, нема крупни инфраструктурни инвестиции и проекти, најголемото иселување го имаме од овој дел на државата од каде тој потекнува, тоа е парадоксот и истовремено и сликата на Зоран Заев. Тој стана најмоќен човек во државата, но најмалце направи за крајот од каде потекнува, односно од каде што граѓаните го избраа за пратеник на минатите избори. Убеден сум дека ќе го победам дома, а тие победи се најслатки, дециден е Николоски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.