И за ова Бугарија ли е виновна, прашува пратеникот Александар Николоски за одбиениот предлог на ВМРО-ДПМНЕ за поставување филтри на оџаците на јавните институции.

Срамота! СДСМ и Владата го одбија предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се постават филтри на оџаците на јавните институции со цел да се намали загадувањето. Заев очигледно не дише исти воздух како и сите други.
И за ова Бугарија ли е виновна?, пишува Николоски.

Предлогот беше еден од амандманите поднесени за буџетот за 2021 година, со кој за борба против аерозагадувањето се предвидени само 1,3 милиони евра. Само за споредба, за патни трошоци и дневници се издвоени 12,9 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.