Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и претседателот на комисијата за надворешна политика Антонио Милошоски ја започнаа својата работна посета на Вашингтон САД.

Од партијата информираат дека во Вашингтон двајцата остварија работната средба организирана од сенаторот Мајк Ли од Републиканската партија и конгресменот Мајк Дол од Демократската Партија. Исто така имаа и работна вечера со сенаторот Џери Моран Бен Клајн двајцата претставници на Републиканската Партија во САД. Главни теми на состанокот беа зацврстувањето на политичката, трговската и безбедносната соработка на САД со земјите од Југоисточна Европа, како и потенцијалите на Македонија во остварувањето на овие заеднички цели.

Николоски и Милошоски на средбите информираа за состојбата во Македонија при што истакнаа дека во Република Македонија корупцијата цвета, а економијата тоне. Слабата реализација на реформи и слабата борба со криминалот и корупцијата ја уназадуваат Македонија и државата изгуби три години со Заев и СДСМ. На средбата беше заклучено дека борбата со корупцијата и владеењето на правото се од огромно значење за Македонија и нејзиниот напредокот кон евро-атлантските интерграции, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Николоски и Милошоски ги информираа своите соговорници и за обидот на Заев да избега од избори на 12-ти aприл и одговорноста која следи. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи одложување на изборите и истите ќе се одржат на 12-ти април, а после победата на изборите доаѓа обновата на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.