Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, кој на летната сесија на Парламентарното Собрание  на Советот на Европа, присуствува како почесен гостин на Советот на Европа, во изјава за медиумите информира за средбата со претседателот на Европската народна партија Жозеф Дол, со кого размениле информации за состојбите во Македонија.

Исто така имав средби и со бројни пратеници од преку 20-тина европски земји и со сите разговаравме за перспективата на Македонија. За жал заеднички е впечатокот дека Македонија втора година со ред не добива датум за почеток на преговори за членство во ЕУ затоа што владата на Заев не спроведува реформи. Не спроведува реформи во борбата против корупцијата, не ја подобрува економијата и не воспоставува функционален систем на владеење на правото, односно економијата тоне, корупцијата цвета и нема воспоставен систем на владеење на правото, вели Николоски.

Тој истакна дека неговите соговорници биле се изненадени од одлуката на Заев да се самоназначи за министер за финансии.

Најголемата стратешка грешка владата на Заев ја направи, сметаат моите соговорници, договарајќи се со Еди Рама, Македонија и Албанија да влезат во иста група, затоа што Албанија ја влече Македонија назад.  Со сиот неред кој што се случува во Албанија и нефункционалноста на институциите таму сериозно ја влече Македонија назад и ги уништува европските перспективи на македонските граѓани. Групата со Албанија е најголемото зло и најголемиот проблем што може да се случи на европската интеграција на Македонија и затоа силно апелирав и замолив до сите оние кои што се сретнав да разговараат со своите министри за надворешни работи, да разговараат со своите премиери и да побараат одвојување на Македонија и Албанија, со цел Македонија да чекори напред. Тоа едниот пат кој што треба да го изоди Македонија, а вториот секако се внатрешните реформи. За внатрешните реформи за жал не гледаме капацитет во владата на Заев и се надевам на брза промена на власта и нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која што ќе може да ги заврши овие реформи. Но повторувам клучно е раздвојувањето на Македонија и Албанија во интеграцијата, затоа што групата со Албанија направена во договор помеѓу Заев и Еди Рама ја влече Македонија назад. Коленичењето на Заев пред Еди Рама мора да престане затоа тоа коленичење ја влече Македонија назад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.