Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашната анализа на 24 вести вели дека очекува граѓаните да не бидат казнети заради лошто владеење на Заев и СДСМ.

Би бил среќен ако во октомври добиеме датум за старт на преговорите. ВМРО-ДПМНЕ се залага државата да започне преговори. Јас бев во Брисел токму за оваа тема, но за жал гледаме дека она што требаше да е реалност лани, ни годинава не се случува. Кога се правеше договорот од Преспа, ветувањето беше дека ќе бидеме членка на НАТО и ќе почнеме преговори со ЕУ. Година и половина по потпишувањето на Преспа, за жал, нашата скепса се покажа реалност. Уште лани напоменав дека не треба да се брза да се потпише договорот со Грција во јуни, на 17 јуни го потпишаа, десетина дена подоцна – Македонија не доби датум. Еве и овој јуни не добивме. Домашните слабости не ги решивме, а тоа борбата против корупцијата. Тука е Рекет, но и Рекет 2, за кој има кривична пријава. Има најава и за други, што значи дека корупцијата е навлезена во сите пори на оваа власт. Добро е што ЕК е позитивна, но имаше минимум три паралелни извештаи на земји членки, кои имаат замерки пред се во борбата против корупцијата и криминалот. Се надевам на позитивни вести, но со ваквото однесување на владата имам резерви – посочи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашната анализа на 24вести.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.