Познавајќи го Зоран Заев, видовме како владее, мислам дека до 3 јануари ќе се обиде да направи нешто во корист на неговата потесна фамилија, рече утрово потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски во утринската програма на „Алфа“.

Додека формално се бореше за датум за преговори со Европската унија, дома пушти закон за извоз на сув цвет од канабис на кој што стави европско знаменце, злоупотребувајќи го целосно процесот на зачленување на Македонија во ЕУ, затоа што никаква врска нема марихуаната со ЕУ и потоа се чудеше зошто не му давале датум, кога тоа го гледаат лидерите на ЕУ, рече Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.