Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски ексклузивно во интервуто за Лидер открива дека минатиот петок се сретнал со министер за европски прашања од една од најголемите европски земји со кого утрото се сретнал и вицепремиерот задолжен за евроинтеграции Бујар Османи.

На состанокот Николоски се интересирал дали има можност Македонија да се раздели од Албанија и дали некој од македонската влада побарал такво нешто од ЕУ. Министерот му одговорил:

Мојата земја се противи на раздвојување. Никој од Македонија не побарал такво нешто од нас. Ниту на состанокот утрово.

Промената на името, односно Преспанскиот договор беше потпишан на 17 јуни, а на 29 јуни Европа ѝ кажа на Македонија дека нема да добие датум за преговори, потсети николоски.

Паметна влада немаше да слезе од авион од лобирање од главен град до главен град Македонија да се раздвои од Албанија и да бара листа на реформи што треба да направи државава за да добие датум годинава. Наместо тоа, тие се корумпираат дома и бараат милиони евра во вреќи. Затоа сме овде каде што сме, вели Николоски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.