Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар за најавите на Али Ахмети дека ДУИ станува зелена партија, изјави дека во недостиг на проекти и идеи, владејачката коалиција СДСМ-ДУИ се занимава со ПИ-ар алатки.

Николоски додаде дека ДУИ се враќа на корените односно, како што истакна, ДУИ и така стартувала во 2001 година како зелена партија од горите и планините на Македонија.

Очигледно е дека во недостаток на свежи идеи на владејачката коалиција СДСМ – ДУИ единственото што се занимаваат се ПИ-ар алатки, односно три дена водат во стилот на оние познати кампањи на големи мултинационални компании кога нешто најавуваат, кога сите очекуваат што ќе е тоа, па нели билборди без текст се ставаа во градот само со одредена боја, па после тоа имаше еден збор итн. Видени финти, нема друг збор освен финти. Видени финти коишто не поминуваат кај гласачите.

 

Во однос на она што го кажа Али Ахмети сакам да кажам две работи. Прво е дека очигледно ДУИ веќе нема свежи идеи што да понуди на граѓаните, потоната во сопствените проблеми, во криминалот и корупцијата и второ дека ДУИ си се враќа на корените, имено тие стартуваа некаде во 2001 та година токму како зелена партија од горите и планините на Македонија, така што очигледно се враќаат на корените – изјави Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.