Доколку ВМРО ДПМНЕ успее да обезбеди поддршка од 80 пратеници во Парламентот, ќе направи ревизија на Уставот и ќе го врати името на Република Македонија. Ова вечерва во емсијата на Тв24, го најави потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар  Николоски.

Запрашан дали тоа ќе значи и излегување од НАТО и запирање на евроатланските процеси тој беше дециден:

Нема да излеземе од НАТО, бидејќи ние природно таму припаѓаме. Сепак сметаме дека цената за влез во НАТО што ја плативме е превисока. Токму поради тоа никој политичар досега не сакаше да потпише ваков договор, кој претставува предавство на нашите националните интереси.  Ние сме подготвени да направиме ревизија на Преспанскиот договор, од кој придобивките се нејасни и недефинирани – рече Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.