Неприфатливо е, не може во судството да се меша извршаната власт, всушност затоа постои т.н. поделба на властите на законодавна – Собранието, извршната – Владата и судската тука се судовите и обвинителствата, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во централниот дневник на Сител телевизија говорејќи за договорот на Заев и Гаши и реотворање на судски случаи.

Така што мешањето на една од овие власти во случајот извршната врз судската е нарушување на уставниот поредок на Република Македонија и тоа е апсолутно неприфатливо. Дополнително ова само потврдува дека години наназад има влијание врз судството и обвинителството, нешто за што ние долго го зборуваме и го потенцираме и сега го потврдуваат со еден коалиционен договор, додаде тој.

Николоски додаде дека ако граѓаните се прашуваат зошто има толкава скепса во ЕУ во однос на определување на датум за почеток на преговори на Македонија, и треба тука сите да се реални и отворени дека тука никој не прави сериозен притисок врз Бугарија да се откаже од неразумните барања тука е одговорот зошто од ЕУ не се трудат Македонија да добие датум за почеток на преговори.

Дури и се оди дотаму што ќе барале од ЕК да се замеша, што секако нема да се случи затоа што последна работа што ќе ја направи ЕК е да се меша во судски одлуки, затоа што овој систем на поделба на власти е европска поделба на власти. А, ЕК во превод значи Влада на ЕУ. Така што Владата во Македонија не може да се меша во судовите, така и Владата во Европа не се меша во судовите, нагласи Николоски.

Николоски посочи дека во Македонија има еден нефункционален систем затоа што нема владеење на правото и затоа што има корупција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.