Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски реагира на барањето на Зоран Заев да си поднесел оставка.Тој го потсетува на сите работи кои јавно ги изнел и се оствариле

Читам Заев побарал да си поднесам оставка. Знам дека тоа му е желба уште од изборите кога му отидов на гостински терен во „неговата“ четворка и го победив во 12 од 19 општини, а тој не го направи резултатот кој што го очекуваше. Таа желба нема да му се оствари, напротив! Заев ќе биде поразен на следните избори од ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски.
Збор два околу фактите – нека си провери Заев каде и какви изјави давал Пендаровски, а за мене и моите изјави:

– Кажав уште во 2018 дека има договор за Македонија да се стави во група со Албанија, ми велеа дека е научна фантастика. Неколку месеци подоцна се потврди, таа група со Албанија ја влече Македонија назад.
– Кажав дека Македонија со Заев нема да добие датум ни во 2018, ни во 2019, ни во 2020. Ме омаловажуваа и навредуваа ама и тоа се оствари.
– Кажав дека нема Премиер на развиена западноевропска држава што ќе го прими Заев во официјална посета после корупциската афера Рекет. И тоа се потврди!
Почекајте и не брзајте и сега со реакции. Кој последен се смее најслатко се смее. Вие сте принцови на лажните вести и лагата!
А за тоа на кое ниво ја донесовте Македонија економски уништена во здравствена криза и национално понижена ќе си одговарате прво на избори, па и правно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.