Заменик-министерот за надворешни работи Никола Димитров е автор на нон-пејперот тврди потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. Според Николоски Димитров го составил нон-пејперот за да се дефокусира јавноста од тетовската трагедија.

Затоа знае дека има граматички грешки, зашто тој го пишувал. Дали самиот го пишувал или го диктирал, па некој друг го пишувал е работа на техника, вели Николоски.

Димитров за нон-пејперот рече дека е балканска ујдурма и се сомнева дека произлегол од Македонија, за што Николоски додаде дека е така, зашто самиот добро знае кој е авторот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.