Да имаше добар предлог за Македонија, вечерва на прес-конференција, Ковачевски ќе славеше на плоштад, ќе го објавеше и ќе покажеше што е добро за Македонија и затоа ова е обид за национално предавство, Ако внимателно се следеше прес конференцијата ќе се види дека тој скоро и ништо да не кажа, ги избегна сите прашања на новинарите и вртеше три реченици во круг, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во Клик Плус на ТВ 21, во врска со последниот предлог од француското претседателство за решавање на спорот со Бугарија.

Во врска со протоколот за историските прашања и прес конференцијата на Ковачевски, Николоски истакна дека Ковачевски изјави дека договорот за добрососедство бил обврска за Македонија а протоколот произлегува од член 12 на истиот тој договор.

И затоа според нашите сознанија, измените се само семантички и е мала шминка. На пример нема да пишува протокол, ќе пишува разгледување на годишен извештај за спроведување на договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, што на крај е исто, рече Николоски.

Николоски прашува како е возможно предлогот да не го знае јавноста, да не го знаат медиумите, да не го знае ние ВМРО-ДПМНЕ, не само како опозиција, туку и како најголема политичка партија во Собранието со најмногу пратеници и најмногу градоначалници, а да го знае Еди Рама.

Зошто се крие од јавноста? Пред две недели кога стигна францускиот предлог се лажеше цела јавност, дека не знаат што е и дека не учествувале во консултации во истиот, за вчера на пратенички прашања Ковачевски да потврди дека знаеле и учествувале. Јас директно го прашав дали во Скопје најмалку три пати крај на мај и почеток на јуни е дојдена француска делегација, и тој потврди дека е така. Да беше предлогот добар немаше во една минута да го прифатат и Румен Радев и Кирил Петков, бидејќи се знае дека особено Радев е екстремен, тие немаше да го прифатат ако ова беше добар предлог за Македонија, потенцираше Николоски.

Николоски исто додаде дека власта го крие и овој предлог и повторно ќе го дознаеме од бугарските медиуми, затоа што нив им е добар, како што го објавија и првиот предлог.

Николоски истакна дека да беше предлогот добар немаше во една минута да го прифатат и Румен Радев и Кирил Петков, бидејќи се знае дека особено Радев е екстремен, тие немаше да го прифатат ако ова беше добар предлог за Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.