За власта во Собрание да ги добие гласовите на ВМРО ДПМНЕ за Законот за Јавно обвинителство, ќе мора да распише предвремени парламентарни избори, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Тој додава дека доколку премиерот, Зоран Заев, не прифати предвремени избори, опозициската партија ќе повика на протести.

Без датум за предвремени избори не можеме ништо друго да поминеме во Собрание без разлика дали експертските групи ќе се согласат или не. Заев има два начини да се усогласи со нас по одност на предвремените избори, со добро да седнеме и да ги договориме, или граѓаните да кажат кога ќе бидат преку масовни протести – рече Николовски во изјава за Канал 5.

На својот Фејсбук профил Николоски уште една го повтори ставот и напиша:

За власта во Собрание да ги добие гласовите на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за Јавно обвинителство, ќе мора да распише предвремени парламентарни избори.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.