За прв пат ВМРО-ДПМНЕ прави Конгрес во Скопје затоа што сакаме симболично да ја означиме победата на локалните избори. ВМРО-ДПМНЕ на овој Конгрес ќе излезе со нова доктрина која ќе го постави концептот на работа кој ќе оди од центар, ќе оди према лево, малку и ќе оди кон центар десно, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на гостување во радио Лидер.

ВМРО-ДПМНЕ останува народна, демохристијанска и центар десна, а сега сакаме малку да ја отвориме партијата. Сакаме во неа да се препознаваат сите. И она што е многу значајно тоа ќе биде партија за сите кои не сакаат корупција, а сакаат подобар животен стандард – рече Николоски.

Ова е редовен Конгрес, додаде тој, на кој ќе победи претседателот Мицкоски, и ако во претходните 4 години ја стабилизираше и ја направи победничка партија, следните 4 ќе ја стабилизира државата.

Очекувам многу скоро уште првата година да стане премиер – рече Николоски.

Она што е специфично е што партијата беше единствена партија под судски прогон на власта.

И Катица Јанева кажа дека тоа е политички процес кога го отвори предметот за партијата – рече Николоски.

Тој објасни каде е сега по 4 години ВМРО-ДПМНЕ.

Сега е победничка партија, кредибилен партнер на граѓаните, партија посакувана за партнер од сите политички партии, партија партнер на меѓународната заедница, граѓанското општество. И сега е сериозно подготвена да ја води Македонија. А за овие 4 месеци нашите градоначалници покажаа дека може да сработи повеќе од тоа што они го направија за 4 години – рече Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.