Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук профил напиша:

Поминува трета недела од одлуката на Европскиот совет да не определи датум за почеток на преговори за членство во ЕУ. Заев се обидува да ја префрли вината на други, неговите мегафони го напаѓаат Претседателот Макрон и Франција.
Но вистината е една – Заев е виновен!

Трета недела Заев не излегува со план како да ја поправи ситуацијата. На сите ни е јасно дека се потребни две работи – силни реформи во клучните области, особено владеењето на правото, како и раздвојувањето од групата со Албанија.
План за реформи нема, зашто ако го има Заев треба сам себе да се гони за криминал.
План и барање за раздвојување од Албанија нема зашто така му ветил на Рама!

Македонија тоне! Заев е виновен!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.