Она што би сакала да истакнам за овој регион е тоа дека со прогласување на Шара за национален парк ќе го забраниме секое експлоатирање на природните богатства. Од криволовот и риболовот, непланската дива сеча на дрва за огрев, до градење на хидроцентрали и секакви дивоградби.Ќе може само да се развива планинскиот туризам со строго утврдени критериуми. И, нормално, ќе овозможиме планско зафаќање на водата за пиење без да се наруши биодиверзитетот“, изјави Фаница Николоска, носител на листа на СДСМ во ИЕ6.

Ги чистиме водите кои ни ги напојуваат плодните, полиња со изградба на пречистителни станици.Вложуваме во градење на регионални депонии за да си ја исчистиме почвата од ѓубре, а преку проектот за енергетска ефикасност и гасификацијата добиваме почист воздух, а пониски сметки за струја.Покажавме дека можеме и умееме. По 15 јули ќе покажеме дека можеме уште повеќе и уште подобро, додаде таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.