Го знаеме добро проблемот што претходните го создадоа со давањето на државното добро за богатење на поединци. Во 2012 година владата на ВМРО-ДПМНЕ дала концесија и потпишала договор за изградба на минихидроцентрали на вратничката река Ракита, без да го информира и да се консултира со месното население не само од Вратница туку и од соседните населени места, вели Фаница Николоска, носителка на листа во ИЕ6.

Овие луѓе обединети од повеќе околни села останаа истрајни во својата борба неколку години. Ние како партија го слушнавме нивниот глас, и градењето на мини хидроцентралите е времено стопирано. Ние не сме против бизнис секторот, но кога се интереситe на граѓаните во прашање и кога мора да се заштити животната средина – тогаш мораме да кажеме не, порача Николоска.

Таа рече дека и во новиот 4 годишен мандат СДСМ ќе продолжи да биде партнер со граѓаните и нема да дозволат некој да нема вода за пиење, за некој да ја експлатира водата за лична корист.

Со прогласување на Шара за национален парк ќе го забраниме секое експлоатирање на природните богатства. Од криволовот и  риболовот, непланската дива сеча на дрва за огрев, до градење на минихидроцентрали и секакви дивоградби. Ќе може само да се развива планинскиот туризам со строго утврдени критериуми. И, нормално, ќе овозможиме планско зафаќање на водата за пиење без да се наруши биодиверзитетотм, рече Николоска. 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.