Никола Груевски го честиташе 32-от роденден на партијата ВМРО ДПМНЕ. Во статус на Фејсбук посака да е вечно и победничко ВМРО-ДПМНЕ и Македонија.

Во 129. година од основањето на ВМРО, на сите членови на ВМРО-ДПМНЕ, а особено на нејзините основачи, им го честитам 32. роденден односно денот на основањето на партијата основана како идеолошко продолжување на стремежот и идеалите на историската ВМРО.
Посакувам нови големи успеси и победи на ВМРО-ДПМНЕ и создавање голем напредок на Македонија во секој поглед и во секоја свера на животот на Македонците и сите граѓани на Македонија.
Горд сум што ја имав честа и предизвикот 14 и пол години да бидам на чело на ВМРО-ДПМНЕ, од кои 11 години од позиција на власт, водејќи ја низ низ 10 изборни победи, односно исто толку пати изразена доверба од мнозинството граѓани на државата пред се заради визијата, работата, тимот и пред се резултатите од таа работа. Без подршката на членовите и активистите на партијата, како и гласачите на изборите, тоа немаше да се случи и сите наши успеси се и успеси на сите кои ни ја даваа подршката.
Посакувам секое наредно раководство на партијата, како и секоја наредна влада на Македонија да биде подобра и поуспешна од претходната. Тоа е клучот на успехот. Само така Македонија и ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат секогаш поуспешни.
Честит роденден ВМРО-ДПМНЕ!
Нека е вечно и нека е победничко ВМРО-ДПМНЕ и нека е вечна и победничка Македонија, објави Груевски на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.