Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, денеска ќе престојува во официјална посета на Словенија, каде што со своите домаќини, меѓу другото, ќе разговара за приоритетите на словенечкото претседателство особено проширувањето на Европската Унија (ЕУ).

Предвидено е вицепремиерот Димитров да оствари средби со словенечкиот претседател Борут Пахор, министерот за надворешни работи Анже Логар, претставниците на Комитетот за европски работи во словенечкиот Парламент, како и со пратениците од Комитетот за надворешна политика, а меѓу соговорниците за европската иднина на Македонија ќе бидат и европратеничката Тања Фајон со која, исто така, ќе се сретне за време на официјалната посета.

Темите за разговор со словенечките соговорници ќе бидат на иста линија како и разговорите во Германија, дотолку повеќе што Словенија ќе го преземе кормилото со Советот на ЕУ во втората половина од оваа година, а двете земји имаат тесна соработка во рамки на актуелното Трио. Поконкретно, ќе се разговара за приоритетите на словенечкото претседателство особено проширувањето на ЕУ кое што е високо на нивната нивната агенда – се вели во соопштението од МНР.

Во соопштението се додава дека на средбите ќе се отворат и теми поврзани со билатералната помош што во континуитет ја добиваме од Словенија, како наш традиционален партнер и поддржувач и која дава значителен придонес како за ЕУ реформите, така и за конкретни инфраструктурни проекти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.