Фесбук статус на министерот за надворешни работи Никола Димитров, во кој упатува отворени закани до нашиот портал поради пренесувањето на веста од порталот „Инфомакс“, во која е објавен записник од исказот на сведокот во случајот на ОЈО „Рекет“, Орце Камчев, за кој и обвинителката Вилма Рускоска потврди дека е веродостоен.

Барам веднаш “Република” да ја повлече ноторната лага дека сум вмешан во случајот “Рекет” и да ми се извини за одвратната инсинуација во текстот чиј сам наслов нема врска со наводите внатре. 
Во спротивно, прв пат во животот ќе тужам.
Нема да дозволам пропагандата да ме валка во случај со кој јас немам апсолутно никаква врска.
Мене сосема ми е јасно дека мојот последен статус разбуди многу духови кои очигледно единствено се плашат од луѓе без дамка криминал во своите кариери и поважно – луѓе подготвени до последно да се борат за правда.
Очекувам и пропаганда и нечесна битка и мојот одговор секогаш ќе биде достоинствен, но истовремено и безмилосен кон криминалците и оние кои нив ги штитат преку дефокус и лаги.

Влегов во политиката за да го тргнеме срамот од очигледниот криминал и корупција и нема никогаш да престанам во борбата со ова црнило. Овие обиди, напротив, само укажуваат дека сум на правиот пат. Продолжете ноќта да ја нарекувате ден, нема да ви помогне. Реков – да се преброиме. Време е, пишува Димитров заканувајќи се со тужба „прват во животот“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.