Жителите на делчевско низ солзи раскажуваат како гледаат дека се што имаат се уништува за неколку секунди. Во страв дека ќе бидат запалени нивните плевни и жито, бараат итна помош.

Велат дека утрото авион поминал но заминал за Богданци поради проценка дека нема што да прави во Делчевско. Но со помош на ветарот огнот почнал брзо да се шири. Велат оставени се сами на себе.

-Еве оганот е на 150 ментри од мојата плевна. Се шири брзо. Никој нема таму кај оганот. Ќе ми изгори цела плевна, после ми е бадијала се – вели една жена во солзи.

Мештаните раскажуваат дека постарите жители се евакуирани, младите се останати. Но стравуваат дека се ќе изгори, и куќи и возила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.