Лидерите на Алијансата за Албанците и Алтернатива Зијадин Села и Африм Гаши нема да одат на средбата на челниците на партиите од албанскиот политички блок што денеска напладне ја организира претседателот на ДУИ Али Ахмети. На средбата нема да оди ниту лидерот на Беса Билал Касами.

Ахмети ја планираше заедничката средба за денеска на годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, а покрај Села, Гаши и Ксами, паканет е и лидерот на ДПА Мендух Тачи, кој досега не се изјасни јавно дали ќе присуствува. Села и Гаши вчера информираа дека прифаќаат зедничка средба со лидерите на  партиите од албанскиот политички блок, но бараат наместо денеска, таа да се одржи на друг датум, по 17 август. Според нив, за да има суштински и плоден состанок, би било добро поканата да има предлог агенда, за да имаат појасна идеја за причината за неговото организирање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.