Датум за преговори ќе добиеме во октомври или не. На ова прашање претседателот Христијан Мицкоски, кој вечерва гостува во 360 степени, одговара со детали од неодамнешната средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта.

Никој не праша зошто бев кај Виктор Орбан, туку се спинуваше по медиумите. Уште тогаш постоеше информација дека Фидес ќе го предложи новиот еврокомесар за проширување. И баравме поддршка и ќе продолжиме да бараме. Не би ги потценувал институционалната меморија и капацитети, затоа што пријател како што е новиот еврокоемсат за проширување и стабилизација македонија можеби немала толкав. Мислам дека треба да ја засочиме енергината во таа насока.

Мицкоски негира дека некогаш изјавил дека додека е Зоран Заев премиер земјата нема да добие датум за преговори, бидејќи, како што вели, датумот е за земјата и граѓаните, а не за бирократите кои ја водат во моментот.

Уште во јуни кажавме дека работиме на тоа Македонија да добие датум за преговори. Овој процес е започнат пред 20 години кога потпишавме Договор за стабилизација и асоцијација, а потоа друга влада стана кандидат, па трета влада доби позитивна препорака. Единственото нешто што го направи Зоран Заев е што распордаде се што не им падна на памет на овие две влади претходно. 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.